Рачно изработен, нетоксичен пластелин

Пластелинот е изработен од природни состојки, и доколку вашето дете го проба- нема да му наштети. Сепак, поради голема количина на сол, не е за јадење.


Нормално е да се појават кристали од сол на површината, бидејќи не содржи вештачки додатоци; истите ќе исчезнат откако ќе почнете да си играте.

Состав: брашно, сол, вода, масло,

лимонска киселина, прехрамбен глицерин,

прехрамбена боја

Пластелинот чувајте го во оригиналната кутија.

Чувајте го на суво и ладно место, неизложен на директна светлина.

Секогаш играјте на чиста и сува површина, со чисти и суви раце. По играњето вратете го пластелинот во оригиналното пакување.

Ако не планирате да го користите во следните две недели- ставете го во фрижидер, во оригиналното пакување. Пред играње само стоплете го со раце.

Доколку се игра и чува според инструкциите, пластелинот ќе трае повеќе од 3 месеци. Колку повеќе се игра со него- толку повеќе ќе трае.

Ако заборавите да го затворите пластелинот по играње, и забележите дека почнал да се суши, капнете една капка масло и замесете.

Simple Instagram Icon

@magicbox_mk